Поврзете се со нас

Италија

Тоти со оригинална роденденска честитка за Дел Пјеро: Открива каква порака добиле од Алекс пред финалето на СП

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Италијанската спортска сфера денеска на големо го слави јубилејниот 50-ти роденден на Алесандро Дел Пјеро, повод поради кој медиумите исконтактираа и добар дел од неговите соиграчи и ривали во кариерата.

Франческо Тоти беше противник на „Пинтурикио“ во текот на целата клупска кариера, но затоа беа извонредни соиграчи во репрезентацијата и заедно го освоија Светското првенство во 2006-та година.

Потсетувајќи се на незаборавниот турнир во Германија речиси 20 години подоцна, Тоти реши на оригинален начин да му го честита 50-от ронденден на Алекс, откривајќи ги зборовите со кои легендарниот играч на Јувентус си заминал во кревет пред финалето со Франција.

– Дел Пјеро беше во право кога велеше дека ние сме повеќе партнери, отколку ривали. Многумина во Италија сакаа да бидеме само ривали, тој го претставуваше Јувентус, а јас бев негов противник во Рома. Зошто многумина не ја сакаа Рома, сакаа да не раздвојат. За нивна жал, ние го направивме спротивното и секогаш се разбиравме.

– Кога дебитирав за Италија во 1998-ма година, се сеќавам дека го заменив него, а тој ми намигна. Од тој момент почна хемијата меѓу нас. Се сеќавам и на моментите пред финалето на Светското првенство во 2006-та година. Никој не можеше да заспие пред финалето со Франција, а тој во 2 часот наутро ни порача: Момци, одам на спиење, јас сум навикнат да играм финалиња! Никој не му кажа ништо, но тоа е она што го опишува Дел Пјеро, од денеска еден прекрасен 50-годишник, – потенцира Тоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни