Тоти откри анегдота со затвореник кој го продолжил престојот за да добие фотографија

francesco-totti

Франческо Тоти деновиве ја промовира својата автобиографија во која се вметнати многу информации поврзани со неговите почетоци, но и успешната фудбалска кариера која целосно ја мина во Рома.

Тоти преку медиумите открил и неколку анегдоти, а една од нив е поврзана со посета на затворот Ребибија.

– Прошетавме покрај ќелиите и таму имаше затвореници кои навиваа за различни клубови. Имаше фудбалери на Рома и Лацио, а дел од нив беа многу среќни бидејќи за нив тоа беше како да го виделе Папата. Имаше маса на која потпишувавме автограми, а во просторијата постоеше еден затвореник кој постојано галамеше и гестикулираше, а во еден момент се обиде да стигне преку ред до нашата позиција.

– Сакаше да се фотографира со мене, но не можев да разбирам зошто е толку упорен. Потоа дознав дека требало да биде ослободен една недела претходно, но инсистирал да остане во затворот откако дознал дека ќе го посетиме. Им рекол на одговорните дека ако го пуштат, ќе направи нешто лудо за повторно да се врати во затворот, – се потсетува Тоти.

Facebook Коментари