Италија
Тоти не е импресиониран од летните засилувања на Рома: Постои голем ризик
Рома успеа да донесе неколку летни засилувања и го задржа Пауло Дибала, но легендарниот Франческо Тоти не е задоволен од активноста на неговиот омилен клуб.
Поранешниот капитен е доста рамнодушен на оваа тема и не е сигурен дека тимот се засилил со новите фудбалери, особено поради тоа што гледа клуб како Јувентус кој донел вистински засилувања.
Единствена надеж на Тоти е неговиот добар пријател Даниеле Де Роси, со кого вели дека е во постојан контакт и во речиси секојдневна комуникација.
– Убедлив преоден рок? И да и не! После целиот хаос кој настана во завршницата од преодниот рок, мислам дека Рома донесе и многу ризични засилувања.
– Сега се се сведува на Де Роси. Тој треба да ги сложи коцките на теренот и да направи овие играчи да го даваат максимумот. Многупати зборувавме овој месец и тој е среќен со тоа што го прави во Рома. Очекува многу повеќе и не посакуваше вака лош старт. Тој го поседува потребниот менталитет и потенцијал за да го подобри тимот, – вели Тоти.
Рома почна со две реми средби и еден пораз во новата натпреварувачка сезона, а по завршувањето на преодниот рок, како слободни агенти во тимот ги донесе Марио Ермосо и Матс Хумелс. Претходно, во официјалниот рок на трансфер пазарот, Рома се засили и со Ле Фе, Суле, Довбик и Анхелињо.
-
Евролига13 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија14 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Евролига24 часа
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
Лига на нации15 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Лига на нации4 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Лига на нации5 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Англија12 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП
-
Германија14 часа
Нагелсман му одговори на „експертот“ Леман за голманската дебата