Италија
Тоти му се спротивстави на Касано: Тој е еден од најдобрите во светот!

Франческо Тоти беше специјален гостин во поткастот на Антонио Касано наречен „Да живее фудбалот“, а присуството на легендарниот капитен на Рома беше причина да се отворат голем број актуелни теми, но и некои од блиско минато кои привлекоа доста внимание во јавноста.
Неповторливиот Франческо призна дека бил блиску до враќање во Серија А и елитниот фудбал во првиот дел од сезоната, но на крајот решил да го октаже сето тоа, но за време на разговорот, остана цврст на своите ставови и во една секвенца целосно му се спротивстави на Антонио Касано.
Поранешниот напаѓач веќе подолго време го „плука“ Жозе Мурињо со потценувачките изјави во јавноста, тренер за кој Тоти има сосема поинакво мислење и кој според него е еден од најдобрите во светот.
– За мене Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот, кога го велам ова, мислам на победите кои ги остварува. Ти си типичен фан кој сака само да игра убав фудбал, наместо да победува….., – му порача Тоти на Касано, па продожи.
– Мурињо, Алегри, Капело Анчелоти…… Дали нивните тимови играат убав фудбал? Не, играат нормален фудбал, но играат за да победат. Нема многу со стил на Гвардиола и Клоп, на крајот на краиштата, најважен е резултатот. „Малиот Куп“ како што го нарекуваш ти во Европа, сепак треба да се освои. Во две години во Рома, тој играше и освои финале во Конференциската лига, потоа играше финале во Лига Европа и загуби на пенали. Секој има свое мислење, но јас имам целосно различно од твоето. Каде и да одеше, тој донесе победи, сакам тренер кој носи трофеи за клубот. Истото беше и со Капело во Рома, кога дознавме дека тој доаѓа, сите полудевме од среќа, – заврши Тоти.
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)