Поврзете се со нас

АТП

Тоти: Имам заслуга за успехот на Синер на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Јаник Синер успеа да ги стиши сите гласини за допинг скандалот во кој западна пред стартот на Ју-Ес Опен, па после две недели минати во Њујорк, на крајот заврши со трофејот во рацете на „Артур Еш“ за втора грен слем титула во кариерата.

Младиот италијански тенисер покажа огромна зрелост и одолеа на целиот притисок кој се создаде во јавноста, а во период кога во Италија се уште се радуваат на неговиот успех, со интересна изјава се јави Франческо Тоти.

Легендарниот капитен на Рома си препиша заслуга за огромниот успех на Синер на последниот грен слем турнир во 2024-та година, бидејќи пред Јаник да се упати кон САД, заедно играле партија падел.

– И јас имам свој удел во успехот на Синер, барем еден процент од тоа што му се случи во Њујорк. Откако игравме падел заедно, тој стана број еден и не верувам дека тоа е случајно. Сите зборуваат за заслугите кои ги имаат за неговиот раст, но јас досега не го правев тоа.

– Кога игравме падел, му покажав два или три потези и од тој момент се се промени за него. Неговиот раст почна нагло да оди нагоре. Му дадов самодоверба, од тој момент престана да губи. Тоа не е мала работа, затоа верувам дека заслужувам еден процент од неговиот успех на Ју-Ес Опен, – во шеговит тон порача Тоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни