Италија
Тоти и Спалети ги закопаа „воените секири“ и закажаа средба пред натпреварот со Македонија (Видео)

Франческо Тоти и Лучијано Спалети ги закопаа „воените секири“ и двајцата се подготвени за примирје после неколку години пауза, откако добро познато е дека завршија во доста лоши односи во последната сезона која ја имаше капитенот на Рома како професионален фудбалер.
Легендарната „10-ка“ на „волчицата“ наиде на игнорантски однос од Спалети и неговите последни месеци во клубот беа навистина многу тешки, но сега Франческо е подготвен да му прости и да се соочи со актуелниот италијански селектор.
Спалети пред две недели јавно го повика Тоти на средба пред натпреварот со Македонија кој ќе се игра во Рим на 17-ти ноември, а сега стана познато дека навистина ќе има средба, иако истата ќе се одржи далеку од очите на јавноста.
Италијанскиот комичар Фиорело ги спои двајцата преку телефонски повик, а италијанските медиуми ја пренесоа конверзацијата која ја имаа двајцата:
Спалети: Здраво Франческо, мило ми е што те слушам и ќе ми биде уште помило ако се сретнеме.
Тоти: Националниот тим игра во Рим и мислам дека ќе имаме шанса да се сретнеме. Секако, не би го направил тоа пред камерите.
Спалети: Може да се сретнеме и во детската болница во Рим. Сакам да им понудиме уникатен момент на дечињата со кои делевме толку радости во Рома.
Тоти: Во ред е, ако не сум на друго место, сигурно ќе направам да се видиме таму, – гласи конверзацијата меѓу двајцата.
La riconciliazione tra #Totti e #Spalletti:
Sotterrata finalmente l'ascia di guerra, questo video mi ha messo di buonumore, sono cresciuto con questi due, un genio in campo e uno in panchina, e sentirli così, che si vogliono ancora un bene immenso, mi ha commosso. Godetevelo.❤️ pic.twitter.com/0KcmPbGqAR
— 🎩💫HungryMARCIO🏆🟠🔴🦴 (@HungryMarcio) November 6, 2023
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча