Поврзете се со нас

Италија

Тоти го предвиде отказот на Де Роси: Се слушнавме пред неколку дена…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Франческо Тоти испрати предупредување до Даниеле Де Роси неколку дена пред да заработи отказ од Рома, најавувајќи дека неговиот добар пријател за жал може да го снајде судбината на Жозе Мурињо доколку не го стави тимот во позиција да се бори за Лига на шампиони.

И покрај најавите на легендарниот капитен, дефинитивно никој не очекуваше Де Роси да биде отпуштен толку рано, а откако Даниеле веќе доби и наследник на „Олимпико“, Тоти денеска имаше нова излагање во јавнсота.

Франческо вели дека останал во контакт со Даниеле и дека се слушал со него и по заработениот отказ, со што се обиде да ги демантира измислиците на одредени медиуми кои тврдеа дека нивниот однос е нарушен.

– Зборував со Даниеле, исто какошто зборував и претходно. Не зборуваме само за фудбалот, ние си имаме и своја лична комуникација. Некој се обидуваше да направи дека има проблем меѓу мене и него, но работата е целосно спротивна. Ние сме двајца пријатели кои често зборуваат. Му се јавив, но зборувавме за други работи, не ја споменавме Рома. Веќе доби наследник и може да се каже дека Јуриќ почна добро. Сепак, сите знаеме дека Рома е многу тешко место за тренерите и да се надеваме дека ќе има добар пат во Серија А и Европа.

Тоти во разговорот за „Скај Спорт“ дава коментар и за двете ѕвезди кои добија свирежи по отказот на Де Роси, искусните Кристанте и Пелегрини.

– Кога работите не одат добро, се случуваат такви работи. Отсекогаш сум велел дека Рома е тешко место. Ако го немате вистинскиот карактер и потребната мотивација, со сигурност ќе страдате. Зборуваме за двајца големи играчи кои можат да направат многу за Рома. Сега останува на нив да ја вратат довербата со своите изданија на теренот. Тоа треба да им биде примарна цел, се останато е во втор план, – вели Тоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни