Поврзете се со нас

Италија

Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Рома лошо ја започна натпреварувачката 2024/2025 во италијанската Серија А каде по три кола освои само два бода иако реално имаше поволен распоред со оглед на тоа што се соочи со Калјари, Емполи, плус му гостуваше на Јувентус во Торино.

Повеќе од јасно дека „волчицата“ ќе мора да ја поправи играта, резултатите во најбрзо време затоа што во спротивно притисокот ќе биде се поголем и поголем врз тренерот Даниеле Де Роси и тоа многу добро го знае легендарниот Франческо Тоти.

-Со оглед на лудите летни вложувања, тие мора да се пласираат во Лигата на шампионите. Ако инвестирате 100 милиони евра и не стигнете таму, тоа е тотален неуспех. Без [да се бори за] Лигата на шампионите, Де Роси ќе си замине порано, нема да го дочека крајот.

-Пред сè, Даниеле мора да се направи себеси почитуван. Тој мора да разговара со членовите на стручниот штаб и со луѓето блиски до него, оние кои можат да му помогнат и да се обидат да го натераат да ги разбере грешките. Даниеле има силна група и се надевам дека ќе успее бидејќи добро ја познава околината. Даниеле е громобран и тој е тој што би платил, но повторувам дека за среќа, тој знае се и сешто, -вели Тото кој смета дека неговиот добар пријател, поранеше соиграч може да заврши како Жозе Мурињо.

-Секако, дури и ако во моментов тој е единствениот кој може да биде тренер на Рома. Се враќаме на истото прашање. Ако постои силен клуб кој јавно е јасен за целите, тогаш се е во ред затоа што навивачите знаат сè. Но, ако работите не одат добро, целата вина ќе биде на Даниеле.

-Токму тоа му се случи на Мурињо. Хозе го стави своето лице на неа, но никој не му помогна и не разговараше со него. Ако не донесете резултати, ќе станете жртвено јагне, но Даниеле е свесен за ова, -подвлече некогашниот капитен на Рома за „Ил Масаџеро“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни