Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем во финални преговори за фудбалер од премиерлигашки ривал

Објавено

на

Антонио Конте се обидува да го засили Тотенхем уште во овој преоден рок, а покрај интересот за Френк Кеси, премиерлигашот веќе влегол во директни преговори за потписот на Адама Траоре.

Вулверхемптон прифатил да разговара за продажба на еден од своите најдобри фудбалери, но првата понуда на Тотенхем е одбиена.

Како што објави „Би-Би-Си“, Тотенхем понудил 15 милиони фунти за Траоре, но Волвс очигледно сакаат да добијат поголема сума, тема за која веројатно ќе биде најден компромис овие денови.

Причината што Вулверхемптон е отворен за продажба на шпанскиот фудбалер е фактот што неговиот договор истекува во јуни 2023 година, па сега е најдобар момент да се заработи поголема сума од трансферот на Траоре.

Конте инсистира на овој фудбалер, за кого има планови како играч со поголема слобода на крилна позиција, по примерот на соработката со Виктор Моузес кога двајцата беа во Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни