Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

blank

Престижниот и доста угледен „Скај Спортс“ јавува дека од таборот на Тотенхем сериозно размислуваат да ангажираат еден фудбалер на Манчестер Јунајтед кој не добива голема минутажа од Оле Гунар Солскјер, а е посочен како еден од фудбалерите кои се иднина на клубот.

„Скај“ пренесува декаТотенхем е заинтересиран за услугите на голманот на Јунајтед, Дин Хендерсон кој му дал ултиматум на Солскјер, или ќе биде прв избор следната сезона или ќе си оди од клубот.

Англискиот голман се врати на „Олд Трафорд“ по двегодишната позајмица во Шефилд Јунајтед каде ги покажа своите квалитети и се наметна како еден од најдобрите голмани во Англија.

Годинава Хендерсон е во сенка на Давид Де Хеа, но од наредната година би можел да добива поголема шанса и во Премиер лигата со цел од клубот да го задржат во своите редови и за во иднина.

Освен Тотенхем, за услугите на Дин Хендерсон се распрашува и тимот на Борусија Дортмунд кој е во потрага по стабилен млад голман за својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни