Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем со трансфер активностите ќе ја „запали“ Англија: Мурињо посакува играч на Арсенал

Објавено

на

blank

Вистински хаос ќе се случи  на трансфер пазарот во Англија доколку се потврдат најавите дека тимот на Тотенхем е заинтересиран за фудбалер на Арсенал.

Познато е дека овие два клуба се омразени градски ривали, па трансферите директно од едниот во другиот клуб не се чести, а кога ги има се проследени со голема помпезност и несогласувања од страна на навивачите.

Така, како што пренесува „Сан“, Жозе Мурињо е заинтересиран во своите редови да го донесе десниот бек на Арсенал, Ејнсли Мејтланд- Најлс кој е ставен на продажба од страна на Арсенал.

„Топчиите“ сакаат да заработат средства со продажба на непотребните играчи за да донесат нови засилувања, а за Мејтланд- Најлс поставена е сума од околу 20 милиони фунти.

Тотенхем има потреба од десен бек откако испадна од трката за ангажман на Томас Мение кој кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд, а се погласни се шпекулациите дека и Серж Орие би можел да го напушти клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни