Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем се засили со голман од Чешка (ВИДЕО)

Објавено

на

Англискиот премиерлигаш Тотенхем го повлече првиот потег во зимскиот преоден рок и ги засили своите редови со голман од Чешка.

Се работи за 21-годишниот Антонин Кински кој досега го чуваше голот на Славија Прага. „Петлите“ за него издвоија 12,5 милиони фунти, а Кински потпиша договор според кој ќе остане во северен Лондон до 2031 година.

Ова за Антонин е прво искуство надвор од неговата татковина и тоа во клуб во кој има проблеми со голманите во измиантиов период. Имено повреден е првиот голман Викарио, искусниот Фрејзер пак не се прослави како негова замена, а вчера пак против Њукасл бранеше 25-годишниот Остин.

Чехот ќе го носи дресот со број 31.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни