Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем се раздели со фудбалерот за кого постави нов клупски трансфер рекорд

Објавено

на

Фото: https://www.tottenhamhotspur.com

Англискиот клуб Тотенхем денеска официјално потврди дека ја завршил соработката со Танги Ндомбеле, фудбалер кој пристигна во Лондон во 2019 година.

Премиерлигашот го собори сопствениот клупски рекорд и плати 60 милиони евра за потписот на Французинот кој дојде од Лион, но не успеа да ги оправда очекувањата и да го одработи целосно тогаш потпишаниот шестгодишен договор.

Проблемите со повреди и слабата форма придонесоа тој да биде вратен во Лион како позајмен играч уште во 2022 година, за потоа да ги освои италијанското и турското првенство како позајмен играч во Наполи, односно Галатасарај.

Последен настап на Ндомбеле во дресот на Тотенхем беше во ФА купот против Морекомб, на 9. јануари 2022 година.

Французинот официјално го напушта лондонскиот клуб со учинок од 10 гола на 91 одигран натпревар, а сега ќе може да го избере следниот клуб како слободен агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни