Тотенхем се ослободи од еден од своите прецртани играчи

totenhem

Десетина фудбалери на Тотенхем се ставени на трансфер листата ова лето, а еден од оние кои веќе знаат каде ќе ја продолжат кариерата е Винсент Јансен.

Напаѓачот кој никогаш не успеа да го покаже својот вистински потенцијал во лондонскиот клуб заминува во мексикански Монтереј, соопшти вечерва Тотенхем, кој му посака среќа во кариерата на Холанѓанецот.

Јансен пристигна во Тотенхем од АЗ Алкмар во 2016 година и стигна до само 42 настапи за премиерлигашот.

Facebook Коментари