Поврзете се со нас

Лига Европа

Тотенхем се извлече од голем срам во Пловдив, Мурињо повторно ќе го гледаме во Скопје (Видео)

Објавено

на

Националната арена во Скопје повторно ќе биде домаќин на еден европски меч на кој во прв план ќе биде Жозе Мурињо, откако епилогот од вечерашните дуели од Лигата на Европа ни ја потврди пресметката меѓу Шкендија и Тотенхем.

Тетовскиот тим херојски одигра во Романија и го победи Ботошани со 0:1 благодарение на мајсторијата на Бесарт Ибраими, додека Тотенхем се изнамачи во Бугарија и Локомотив Пловдив мораше да остане со девет играчи за фаворитот да направи пресврт.

Минчев погоди за 1:0 во 72-та минута од средбата, но наредните осум минути беа кобни за составот од Пловдив. При една мешаница, дефанзивецот Алмеида доби црвен картон поради тоа што спречи гол играјќи со рака, но исклучување доби и Карагерен поради втор жолт картон.

Во оваа ситуација, Тотенхем доби и пенал, а Хари Кејн беше прецизен реализатор на најстрогата казна. Со девет играчи на теренот, Ендомбеле во 84-та минута направи комплетен пресврт, па Тотенхем си закажа пресметка со Шкендија во третото квалификациско коло во Лига Европа.

Натпреварот ќе се игра во Скопје на 24-ти септември, а тоа ќе значи враќање за Жозе во македонската престолнина по историскиот Суперкуп натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни