Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем потврди уште едно перманентно заминување од своите редови

Објавено

на

Откако ги објавија заминувањата на Дени Роуз и Пауло Газанига, од таборот на Тотенхем во текот на денот потврдија дека уште еден играч се зборугвал со клубот.

Станува збор за аргентинскиот интернационалец, Хуан Фојт кој минатата сезона ја помина на позајмица во Вилјареал каде ќе остане и во наредниот период откако се договори со клубот за перманентен трансфер.

Фојт кој се приклучи на Тотенхем од Естудијантес во 2017 година оваа сезона беше стандарден во таборот на Вилјареал и беше меѓу најважните играчи на Унаи Емери во походот кон освојување на Лига Европа.

Во тимот на Тотенхем, 23 годишниот фудбалер оигра 32 натпревари на кои постигна еден погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни