Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем потврди разделба со четири фудбалери

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Премиерлигашите веќе почнуваат да ја спроведуваат својата трансфер стратегија за новата сезона, а прв потег во секој клуб е потврда на разделбата со фудбалерите кои заминуваат летово.

Тотенхем им се заблагодари на четворица фудбалери, од кои двајца веќе имаа пронајдено друга средина во вториот дел од претходната сезона, а сега и официјално се збогуваа со лондонскиот клуб.

Ерик Даер играше важна улога во редовите на Баерн Минхен, каде му се приклучи на Хари Кејн, па Тотенхем по долго време ќе биде без овие двајца фудбалери во својот ростер.

Иван Перишиќ по потешката повреда почна да се враќа на терените во дресот на Хајдук, па ќе може да се подготвува за ЕП и следната сезона како член на сплитските „били“.

Рајан Сесењон и Џафет Танганга исто така веќе не се фудбалери на Тотенхем, бидејќи не ги оправдаа очекувањата и не им понуден нов договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни