Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем остана без важен офанзивен играч, Постекоглу најави пауза од еден месец

Објавено

на

Фото:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем ќе биде фаворит на дуелот со Кристал Палас во Премиер лигата, но нема да смета на еден од најважните офанзивни играчи.

Ришарлисон заработил повреда на коленото и ќе паузира околу еден месец, потврдил денеска менаџерот Анге Постекоглу, кој остана без напаѓачот за неколку следни натпревари.

Бразилецот постигна 10 гола на 22 натпревари сезонава во Премиер лигата, а девет од нив се реализирани на последните десет средби.

Повредата на Ришарлисон се случи за време на поразот од Вулверхемптон минатото коло, па Постекоглу ќе мора да бара друго решение за лондонскиот дуел со Палас.

Тотенхем заостанува пет бода зад Астон Вила со натпревар помалку, а зад себе го има Манчестер Јунајтед кој заостанува само три бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни