Англија
Тотенхем остана без Кулушевски најмалку до почетокот на април

Дејан Кулушевски нема да може да им помогне на соиграчите од Тотенхем и шведската репрезентација најмалку еден месец, – потврдил Анге Постекоглу.
Менаџерот на Тотенхем ги информирал медиумите дека крилниот напаѓач има повреда на левото стопало, нешто што беше навестено и од фотографијата објавена од Кулушевски, а на која тој носи заштитна обувка.
Повредата значи дека Кулушевски ќе ги пропушти дуелите со АЗ Алкмар од осминафиналето на Лига Европа, како и премиерлигашките соочувања со Борнмут и Фулам.
Потоа следува пауза за настап на репрезентациите и Постекоглу се надева дека Швеѓанецот со македонско потекло ќе му биде достапен за дербито со Челси, закажано за 3. април.
Менаџерот најавил дека Ромеро, Ван ден Вен и Соланки ќе патуваат во Холандија и ќе бидат подготвени за настап против АЗ.
-
Свет11 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Шпанија12 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија6 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Италија11 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија9 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)