Поврзете се со нас

Лига Европа

Тотенхем очекувано стигна до осминафиналето во Лига Европа

Објавено

на

blank

Фудбалерите на Тотенхем ја потврдија фаворитската улога и на вториот натпревар против тимот на Волфсбергер.

Жозе Мурињо очекувано ротираше во составот и шанса им даде на играчите кои не играат толку често во Премиер лигата, а тие му возвратија со одлична игра и убедлива победа од 4:0.

Доста критикуваниот Деле Али беше играч на натпреварот со еден погодок и две асистенции, а во листата на стрелци се најдоа и Карлос Винисиус кој погоди два пати и Герет Бејл кој постигна одличен погодок.

Тотенхем со вкупни 8:1 од двомечот со австрискиот претставник си обезбеди пласман во следната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни