Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем не дозволи изненадување и направи исчекор кон пласман во Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Тотенхем забележаа победа над Вулверхемптон (2-0) во средбата од 36. коло во Премиер лигата.

Избраниците на Рајан Мејсон го потврдија статусот на фаворити на теренот и направија исчекор кон пласман во европските купови во наредната сезона. Домашниот тим ја круниса својата иницијатива во самиот финиш на првиот дел кога најдобриот стрелец Кејн ја спроведе топката во мрежата на Патрисио.

Ова донесе дополнителна самодоверба кај Тотенхем кој продолжи да напаѓа по паузата и во 62 дојде до втор гол преку Хојбјерг. До крајот немаше некои поголеми возбудувања, па така составот од Лондон сега со 59 бода е на шестото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни