Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем му го честиташе роденденот на шведски талент со петгодишен договор (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Шведскиот талент Лукас Бергвал долго беше поврзуван со трансфер во Барселона, но шпанскиот клуб на крајот извиси и 18-годишниот фудбалер стави потпис на професионален петгодишен договор со Тотенхем.

Она што беше најавено пред неколку дена, стана официјално синоќа, кога Бергвал е потврден од Тотенхем на денот кога го прослави 18-тиот роденден.

Неговиот досегашен клуб Дјургарден ја прифатил понудата вредна 8,5 милиони фунти, а Бергвал ќе му се приклучи на премиерлигашот на почетокот на јули.

Бергвал има 25 настапи во последната сезона за својот шведски клуб, а веќе го забележа и првиот настап за шведската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни