Англија
Тотенхем ќе продаде фудбалер во Лестер на денот во кој двете екипи ќе се соочат во Премиер лигата
Тотенхем направи важни промени во составот ова лето, а покрај засилувањата, тука се и фудбалерите кои ја завршија соработката со премиерлигашот.
Денеска стана јасно дека менаџерот Анге Постекоглу се откажал од Оливер Скип, фудбалерот кој потекнува од младинската академија на Тотенхем, а кој сега ќе стане нов член на Лестер.
„Лисиците“ ќе платат солидни 20 милиони фунти за 23-годишниот Скип и овој трансфер може да се смета како успешен проект на лоднонскиот состав, најмногу поради ограниченото време кое го добиваше играчот за врска во текот на претходната сезона.
Скип дебитираше за првиот тим на Тотенхем во октомври 2018 година, а оттогаш има 77 премиерлигашки настапи, од кои најголем дел како поддршка од клупата.
Фудбалерот утре треба формално да ги мине лекарските прегледи, а интересно ќе биде промовиран од Лестер на денот на кој оваа екипа ќе игра токму со Тотенхем.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 16 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 17 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 10 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
АТПпред 13 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 15 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)