Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем и Лајпциг се договорија за враќање на Вернер во Лондон

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Тимо Вернер прифатил да се врати во Премиер лигата и Лондон, но овојпат како член на Тотенхем.

Германскиот фудбалер ќе биде засилување за составот на Анге Постекоглу до крајот на сезоната, а заемот е веќе договорен меѓу премиерлигашот и РБ Лајпциг, каде Вернер настапува откако ја напушти Англија.

27-годишниот фудбалер ќе биде освежување во нападот на Тотенхем, клуб кој ја преземал обврската да ги покрива платите на Вернер, а експресно обезбеди замена за капитенот Сон кој месецов ќе настапува на Азискиот куп.

Вернер не беше задоволен од минутажата во редовите на РБ Лајпциг, па затоа и брзо ја прифатил понудата на лондонскиот клуб, во чии редови ќе треба да се наметне и за настап за својата репрезентација на претстојното Европско првенство.

Германецот претходно беше член на Челси, откако „сините“ платија 45 милиони фунти за да го ангажираат од РБ Лајпциг во 2020 година. Со 23 гола на 89 натпревари, Вернер се врати во својот претходен клуб две години подоцна, за сега да прифати нов предизвик во Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни