Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем го потврди позитивниот тест во своите редови

Објавено

на

Премиерлигашот Тотенхем попладнево потврди дека последните тестови за коронавирусот дале еден позитивен тест во овој клуб.

Ова е единствен позитивен случај на КОВИД-19 во последната рунда тестирање, во која биле направени 1.197 тестови, а конкретното лице чиј идентитет не е откриен, сега заминува во седумдневен карантин.

Во моментов сите членови на Премиер лигата мора да минат низ две тестирања секоја недела, во пресрет на продолжението на сезоната најавено за 17 јуни.

Досега се направени 5.079 тестови и имаше вкупно 13 позитивни случаи, a секој нареден позитивен тест ќе значи пропуштање на првото коло по рестартот на првенството. Ова поради фактот што паузата меѓу позитивен тест и враќање на тренинзите не може да биде пократко од 14 денови.

Ваквата ситуација посебно се однесува на фудбалерите на Манчестер Сити, Арсенал, Астон Вила и Шефилд Јунајтед кои имаат натпревари на 17 јуни, додека останатите екипи почнуваат со обврските три дена подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни