Тотенхем го откачил Обамејанг пред пет години, тој вели дека сега има екстра мотивација

obamejang-baern

Тотенхем и Борусија Дортмунд вечерва ќе одиграат еден од поинтересните натпревари во Лигата на шампионите, а најопасниот напаѓач на гостите ќе има посебна мотивација на гостувањето на „Вембли“.

Пјер-Емерик Обамејанг им открил на новинарите на „Билд“ дека пред години бил „откачен“ од премиерлигашот, па затоа ќе биде дополнително мотивиран на ова гостување.

– Бев во Тотенхем во 2012 година, ми го покажаа стадионот и тренинг базата. Разговаравме и преговаравме, но подоцна никој не ми се јави. Тоа дефинитивно е дополнителна мотивација за мене на овој дуел, – вели Обајеманг.

Менаџер на Тотенхем во наведениот период беше Андре Вилјаш-Боаш, а Обамејанг се обидувал да го реализира првиот важен трансфер откако во тие моменти го носеше дресот на Ст. Етјен.

Facebook Коментари