Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем го искористи Регилон како фудбалски агент и си обезбеди второ летно засилување (Фото)

Објавено

на

Тотенхем го претстави Голини како прво летно засилување за првиот тим пред неколку дена, но ова попладне, менаџерот Нуно Еспирито Санто дозна дека втор голем плус за неговиот тим ќе биде еден суперталентиран шпански фудбалер.

„Петлите“ во својата официјална објава на социјалните мрежи открија дека Серхио Регилон имал улога на агент и го убедил Брајан Хил да му се приклучи во Тотенхем, играч чија зделка ќе го чини англискиот премиерлигаш околу 22 милиони фунти.

Станува збор за фантастичен млад офанзивен фудбалер кој беше во сопственост на Севилја, а кој официјално ќе биде промовиран во Северен Лондон по крајот на Олимпијадата.

Хил е дел од шпанскиот тим на Олимписките игри и ќе ја дочека својата презентација во новиот клуб по крајот на возбудувањата во Токио, но од оваа операција, за издвојување е и тоа што Севилја ќе добие играч на Тотенхем за возврат.

Покрај тоа што ќе заработи, Севилја го добива и Ерик Ламела, искусниот аргентински фудбалер кој става крај на својата премиерлигашка авантура по осум години во Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни