Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем ги собра месечните награди, добитниците првпат освоија вакво признание во Премиер лигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Заминувањето на Хари Кејн беше голем удар за Тотенхем, но фановите се задоволни од стилот на игра под водство на новиот менаџер Анте Постекоглу и ако клубот продолжи да бележи слични резултати, брзо ќе го заборават голгетерот.

Лондонскиот клуб има одличен почеток на сезоната, а тоа е потврдено и со месечните премиерлигашки награди, кои им припаднаа на претставници на Тотенхем.

Постекоглу експресно ја доби првата награда за Менаџер на месецот во Премиер лигата, додека за најдобар играч е избран Џејмс Медисон, засилувањето на Тотенхем од Лестер ова лето.

Постекоглу добил најмногу гласови во конкуренција на Гвардиола, Артета, Клоп и Мојс, а стана и прв австралиски тренер кој добил вакво признание во Премиер лигата.

Медисон досега неколку пати беше номиниран за наградата, но ја добива првпат откако настапува во Премиер лигата. За месечното признание зад себе ги оставил Родри, Боувен, Митома, Авонији и Мбеумо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни