Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем ги налути фановите со одлуката да го поскапи сезонскиот билет

Објавено

на

Фото:twitter.com/SpursOfficial

Англискиот клуб Тотенхем деновиве ги објави цените за билетите за наредната сезона, а здружението кое ги обединува фановите го изрази незадоволството од најавените промени, односно поскапувања.

Цената на сезонскиот билет се зголемува за 6 проценти, што значи дека најевтиниот сезонски билет ќе може да се купи 856 фунти, што е осетливо зголемување во однос на 807 фунти колку што фановите одвојуваа за сезонскиот билет за актуелната сезона.

Дополнителен удар за најверните фанови на лондонскиот тим е одлуката од сезоната 2025/26 да не постои попустот за навивачите кои имаат 65 или повеќе години.

Тотенхем од своја страна го оправда поскапувањето со фактот што изминатите пет години цената на билетот била поскапена само еднаш и тоа за 1,5 проценти, а трошоците за организирање на натпреварите се значително зголемени.

Бордот на здружението на фанови и клубот имале состанок на овие уште минатиот месец, но Тотенхем останал на својот став и ги потврди промените во тарифникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни