Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем доведе дефанзивец од Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/KevinDanso98

Тотенхем се соочува со многу повреди во оваа сезона и менаџерот Анге Посеткоглу во повеќе наврати потенцираше дека му се потребни засилувања во овој преоден рок, па управата на клубот конечно реагираше и затвори една операција.

Нов член на „петлите“ од Лондон е Кевин Дансо кој според последните вести требаше да заврши во Вулверхемптон, но Тотенхем притисна и во последен момент го обезбеди на позајмица до крајот на сезонавата од Ланс по што ќе има обврска да го откупи за сума од 25 милиони евра.

Дансо е австриски репрезентативец, играч кој веќе има настапувано во Англија за Саутемптон, а во младите категории беше дел и од Ридинг и Милтон Кејн Донс.

Клубот од северен Лондон сака да ја засили и офанзивната линија до крајот на преодниот рок, но и бара уште еден дефанзивец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни