Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем донел одлука за иднината на „бесниот“ Конте

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Антонио Конте полуде по ремито на неговиот Тотенхем против Саутемптон, средба во која „петлите“ водеа со 3-1 за да на крајот ја изгубат предноста и освојат само бод.

Ова го налути Италијанецот кој говореше без влакна на јазикот по натпреварот, отворено ги нападна играчите по што стана јасно дека ќе има „земјотрес“ во клубот од северен Лондон. Токму ова шоу на Конте како што стојат работите ќе му донесе отказ од Тотенхем, одлука која претседателот Даниел Леви и соработниците сметаат дека е најдобра во овој момент.

Според „Телеграф“ во текот на актуелнава седмица треба да биде потврдена разделбата што значи дека Тотенхем со нов менаџер ќе ја заврши натпреварувачката 2022/2023. Истиот избор пренедува дека најреално сценарио е Рајан Мејсон повторно да седна на клупата и ја приведе кампањата, додека второто кое е потешко е Леви во текот на оваа репрезентативна пауза да најде тренер, убеди некој од Луис Енрике, Томас Тухел или Маурисио Покетино да слета на „Вајт Харт Лејн“.

Останува да се добие потврда на овие вести, меѓутоа јасно е дека ќе има промена во Тотенхем иако тој во моментов е на посакуваното четврто место во ПЛ што му носи пласман во ЛШ во наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни