Поврзете се со нас

Италија

Тотален хаос во Рома: „Предавникот“ не се појави на тренингот кој го закажа Мурињо

Објавено

на

Foto: twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо им даде една седмица пауза на сите играчи од првиот тим на Рома, но ова попладне имаше прозивка до сите оние кои не се дел од мундијалот во Катар.

Првата прозивка на Португалецот е најава за подготовките кои ќе следат во Јапонија, турнеја од која многу веројатно е дека нема да биде дел прецртаниот играч од Мурињо.

Дека во моментов владее тотален хаос на релација Мурињо-Карсдорп најдобар доказ е денешниот потег на Холанѓанецот, кој воопшто не се појавил на закажаната средба со тренерот и своите соиграчи од Рома.

Жозе го посочи десниот бек како „предавник“ по мечот со Сасуоло и му препорача дека најдобро ќе биде да си пронајде нов клуб во јануари, но како што стојат работите, Рик не планира воопшто да се враќа во Рим и да го дочека зимскиот преоден рок во Италија.

Карсдорп испраќа јасен сигнал со непојавувањето на првата прозивка по кратката пауза, што дефинитивно ќе резултира со негова продажба, или предвремен раскин на договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни