Поврзете се со нас

Македонија

Целосна реконструкција во Еурофарм Пелистер: Потврдено заминувањето на девет играчи

Објавено

на

Од таборот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер во текот на денешниот ден ја потврдија разделбата со дури девет играчи од своите редови.

Тоа што се најавуваше во ракометните кулоари низ Битола, денеска доби и официјална потврда. Имено сите странски ракометари си заминуваат од редовите на Пелистер, а клубот ќе го напушти и репрезентативецот Никола Маркоски.

Освен Маркоски, од Битола си заминуваат и најголемите засилувања Стипе Мандалиниќ, Немања Обрадовиќ, Матео Мараш, Елмир Граџан, Јосип Божиќ Павлетиќ, Мартон Секељи, Рениер Табоада  и Јосип Периќ.

Дел од ракометарите веќе пронајдоа нова средина, а за нивното заминување Еурофарм Пелистер ќе добие и обесштетување, додека пак дел од играчите се ослободени од обврските.

Од битолскиот клуб се заблагодарија на сите овие играчи и им посакаа успех во нивните понатамошни кариери.

Инаку, од таборот на Пелистер веќе ангажираа шест нови засилувања за следната сезона, па и наредната година во Битола ќе се гледа врвен и возбудлив ракомет. Нови играчи на Еурофарм Пелистер ќе бидат Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери, Димитри Васиљев и Жарко Пешевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни