Поврзете се со нас

НБА

Тоскано-Андерсон се фрли и исчисти се на записничка маса, Кари го награди со тројка (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипите на Бостон Селтикс и Голден Стејт Вориорс одиграа еден супер натпревар во кој во главна улога беа Џејсон Тејтум и Стеф Кари.

Првиот даде 44, вториот 47 поени што навистина е реткост во меч двајца играчи да имаат таков учинок, да бидат толку блуску до 50 кошеви. Меѓутоа средбата во „Ти-Ди-Гарден“ донесе и еден „олд-скул“ потег, момент кој сме го гледале во некои други времиња.

Имено Хуан Тоскано Андерсон покажа неверојатна пожртвуваност и во обидот да спаси една топка, тој заврши преку записничката маса на подот. При тој пад собра дел од мониторите, каблите и останатите работи кои се најдоа на неговиот пат.

Потоа му требаше време да стане на нозе, па со пешкир на главата се упати во соблекувалната. Тој заработи неколку конци на главата и влезе во протокот за потрес на мозокот и како што стојат работите ќе мора да пропушти неколку мечеви иако нема посериозна повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни