Тошиќ со легендарен одговор: Не сум јас Салах…

tosic

Душко Тошиќ одигра одличен натпревар во дресот на Србија на мундијалската премиера против Коста Рика, но ги исплаши српските фанови откако имаше незгоден пад во првото полувреме.

Тошиќ се жалеше на повреда на рамото, но иако на почетокот изгледаше дека се работи за сериозен проблем, дефанзивецот го продолжи натпреварот. По средбата имал интересен одговор за тоа што се случува со неговото рамо.

– Малку боли, но ќе помине. Не сум јас Салах, – изјавил расположениот Тошиќ кој со колегите од националниот тим ја прославувал првата победа на СП.

Facebook Коментари