Поврзете се со нас

Свет

Тошевски со деби гол во дресот на Горник (Видео)

Објавено

на

Младиот македонски репрезентативец и еден од најголемите наши таленти, Давид Тошевски со гол дебитираше во тимот на Горник Забрзе.

20 годишниот напаѓач го започна денешниот натпревар од Полскиот куп против тимот на Радомијак Радом и беше стрелец на првито гол за својот клуб.

Горник ја искористи фаворитската улога и славеше со 2:0, а Тошевски ја затресе мрежата на противникот во 39. минута откако ја искористи грешката на голманот на гостинскиот тим.

И покрај погодокот, на самиот старт на второто полувреме Тошевски ја напушти играта, а на негово место влезе легендарниот Лукас Подолски кој исто така ги брани боите на Горник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни