Поврзете се со нас

Свет

Тошевски потпиша за австриски прволигаш, но ќе игра во Хрватска до крајот на сезоната

Објавено

на

foto:www.facebook.com/skaustriaklagenfurt

Поранешниот напаѓач на Работнички, Давид Тошевски договори нов ангажман и тоа во австрискиот прволигаш, Австрија Клагенфурт.

Се работи за тим кој е на петтото место на табелата, тим со кој Тошевски потпиша договор до 30 јуни 2025 година со тоа што тој во наредниве месеци нема да настапува за оваа екипа, поточно ќе настапува за Шибеник како позајмен играч.

-Поминав убаво, но и предизвикувачко време во Русија во кое многу научив. Беше многу тешко во последно време и благодарен сум што одговорните во Австрија Клагенфурт ми ја дадоа својата доверба. Ќе ја искористам оваа пролет во Шибеник за да влезам во топ форма, а потоа со нетрпение го очекувам летото и мојот почеток во Австрија Клагенфурт, -порача Тошевски кој има настапувано за сите селекции на Македонија од 17 до 21 година.

Тој од 2020 година настапуваше во Русија, Полска и Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни