Торонто со тимска игра успеа да го изедначи резултатот во финалната серија на Истокот

toronto

Екипата на Торонто забележа победа од 120:102 против Милвоки и со тоа ја анулираше предноста од 2:0 по првите две средби, па сега резултатот во серијата е 2:2.

Торонто одигра тимски натпревар во кој неколку кошаркари беа расположени за игра, па и тоа како му помогнаа на Кави Ленард кој во претходните натпревари „сам“ се бореше против Бакс.

Најефикасен кај Торонто беше Кајл Лаури со 25 поени, 19 коша уфрли Ленард, 18 Пауел, додека по 17 постигнаа Гасол и Ибака.

Кај Бакси најефикасен беше Крис Мидлтон кој натпреварот го заврши со 30 постигнати поени, а Адетокумбо имаше дабл-дабл ефект со 25 поени и десет скока.

Facebook Коментари