Поврзете се со нас

НБА

Торонто се ослободи од уште еден член на шампионската генерација

Објавено

на

foto:www.raptorshq.com

Торонто Репторс одлучи драстично да го промени составот, а најдобар доказ за тоа е што за кратко време остана без двајца стартери, поточно се откажа од играчи кои беа дел од шампионската генерација во 2019 година.

Прво „рептилите“ се ослободија од Оу-Џи Ануноби кој заврши во Њујорк Никс за да сега го испратат Паскал Сиакам во редовите на Индијана Пејсерс. За возврат пак клубот од Канада ги добива Брус Браун, Џордан Нвора и три први пикови на драфтот.

Паскал во актуелнава кампања просечно постигнува по 22,2 поени, има 6,3 скока и 4,9 асистенции по натпревар, па дефинитивни ќе биде големо засилување за Пејсерс, клуб со кој сака да потпише нов договор со оглед на тоа што постоечкиот му завршува на лето.

Камерунецот двапати беше дел и од Ол-стар натпреварите, а најзначниот успех дефинитивно е титулата со Торонто пред неколку години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни