НБА
Торонто го „врза“ лидерот на проектот со долгогодишен договор
Неколку дена по елиминацијата на Торонто во конференциското полуфинале, канадската франшиза соопшти важна вест околу соработката со тренерот Ник Нурс кој останува на чело на се уште актуелниот првак во НБА лигата.
Иако стана јасно дека Торонто нема да го одбрани освоениот шампионски прстен, „тренерот на годината“ од минатата година денеска доби огромна доверба од раководството и потпиша повеќегодишен договор.
Поради политиката на тимот, финансиските детали од договорот не се откриваат, но бројките кои ги оствари тимот во годината во која си замина најголемата ѕвезда Каваи Ленард, беа добра причина да се продолжи соработката со Нурс. Торонто влезе во плејофот со биланс од 53 победи и 19 порази во регуларната сезона, а по петти пат во низа играше во конференциското полуфинале на Истокот.
– Нашата доверба во Ник продолжи да расте оваа сезона и овој договор е резултат на одличното заедничко искуство кое го имаме. ИЗминатите две сезони се најдобри во нашата историја.
– Прво ја освоивме титулата, а потоа се изборивме со пандемијата и се боревме со расистичките нееднаквости во нашето општество. Ник ни демонстрираше дека е лидер на теренот, но и надвор од него. Се надеваме дека ќе имаме големи успеси заедно и во иднина, – порача претседателот на Торонто.
-
Лига на шампионипред 22 часа
Чави откри што му порачал на судијата Ковач по крајот на мечот: Не смееме да молчиме после ваква арбитража
-
Лига на шампионипред 22 часа
ПСЖ со голем пресврт во Барселона, Борусија го нокаутираше Атлетико во трилер со шест гола (Видео)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Белингам призна дека доживеал пад во формата: Мојата улога во тимот се промени
-
НБАпред 23 часа
Јокиќ откри што јаде за доручек и ги шокираше Американците: Тоа се пет илјади калории (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Дембеле со прва изјава по огромната победа на ПСЖ и свирежите кои ги доби од навивачите на Барса
-
Лига на шампионипред 14 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон