Поврзете се со нас

Италија

Торино со пресврт побегна од опасната зона, Рома се подалеку од Европа (Видео)

Објавено

на

Торино со серија од три добри резултати побегна од опасната зона во италијанската Серија А, откако ова попладне успеа да направи исклучително важен пресврт во битката за опстанок во елитата.

Тимот на Давиде Никола не почнаа воопшто добро во дуелот со Рома бидејќи гостите од Рим рано поведоа со голот на Мајорал, но сепак во вториот дел видовме враќање на играчите на кои им гори под нозе.

Санабрија израмни на 1:1 по одлично уфрлање од Ансалди, додека Симоне Ѕаѕа погоди за 2:1 во 72-та минута, само шеесетина секунди откако влезе во игра.

Со овој резултат, нервозата се префрли кај гостинскиот тим, па Диавара заработи црвен картон по лош старт врз Ѕаѕа кој дефинитивно направи голема разлика со влегувањето.

Во судиското надополнување, Торино ја потврди победата по пожртвуваната реакција на Белоти, кој подоцна додаде и до Ринкон за конечни 3:1 во 92-та минута.

Новите три бода го одведоа Торино на плус пет од опасната зона, додека Рома е се подалеку од Европа и има четири бода помалку од шестопласираниот Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни