Поврзете се со нас

Италија

Торино може да остане без две балкански ѕвезди

Објавено

на

Foto:twitter.com/TorinoFC1906_En

Иван Јуриќ и Торино имаат солидна сезона и се уште можат да се надеваат на борба за излез во Европа, но наредните два преодни рока можат да им нанесат голем удар.

Медиумите тврдат дека балканскиот „погон“ составен од Никола Влашиќ и Саша Лукиќ може да се дислоцира во друга земја, односно двајцата фудбалери се поврзувани со трансфер во Премиер лигата.

Во случајот со Влашиќ поточно се работи за враќање во Вест Хем, од каде беше позајмен во Торино, но тренерот Јуриќ посакуваше да го задржи фудбалерот на долг рок. Влашиќ е стандарден првотимец и хрватскиот тренер тешко ќе најде алтернатива со ист квалитет.

Лукиќ пак добил сериозна понуда од Фулам и изразил желба да му се приклучи на сонародникот Александар Митровиќ уште во зимскиот преоден рок.

Торино ќе заработи 8 милиони фунти за овој трансфер, доколку биде реализиран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни