Поврзете се со нас

Италија

Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Торино на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја запиша третата победа на последните четири натпревари во Калчо лигата.

Некогашниот италијански шампион беше подобар од Емполи со 1-0 со голот кој во 70 минута беше дело на интернационалецот од Хрватска, Никола Влашиќ. (ОВДЕ можете да го погледнете голот)

Елмас и на ова соочување беше стартер и настапи до 83 минута кога беше заменет со Карамо.

Сега офанзивецот ќе може да и се посвети на македонската репрезентација која ја очекува почеток на квалификациите за Светското првенство, односно Елиф треба да биде еден од нашите најважни, најголеми адути во дуелите со Лихтенштајн и Велс.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни