Поврзете се со нас

Италија

Торино донел одлука за Елмас после само три натпревари, веќе се воспоставени нови контакти со РБ Лајпциг

Објавено

на

Foto:x.com/TorinoFC_1906

Елиф Елмас се прикажува во извонредна форма во Серија А и покрај тоа што со месеци не играше за РБ Лајпциг, најпрво поради тренерска одлука, а потоа и поради повреда која го оддалечи од терените.

Лошиот статус во РБ Лајпциг го натера македонскиот „дијамант“ да си бара решение уште во јануарскиот преоден рок, а по се изгледа, опцијата Торино се покажа како полн погодок.

Елмас постигна два гола на првите три натпревари како играч на Торино, но што е уште поинтересно, прикажаните претстави на овие три меча беа доволни за да се изгради цврст став околу македонскиот репрезентативец.

„Ла Стампа“ информира дека раководните луѓе на Торино им дале зелено светло на директорите да ги обноват контактите со РБ Лајпциг, со јасна цел да се реализира перманентен трансфер по крајот на позајмицата.

Елмас очигледно ги импресионираше луѓето во Торино со квалитетот кој го прикажа во ова кратко време, па одговорните лица немаат време за одмор и веќе воспоставиле нови контакти за летен трансфер.

Торино како клуб уште во јануари се избори за откупна клаузула во договорот на Македонецот, но според „Ла Стампа“, иницијалните контакти се прават толку рано со цел да се извлече попуст од Германците.

Италијанскиот клуб според клаузулата може да го откупи Елмас за 17 милиони евра, меѓутоа планот е да се изборат за мало намалување и да го добијат за пониска цена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни