Поврзете се со нас

Италија

Торино долови како изгледал возбудливиот прв ден на Елмас во клупската база (Видео)

Објавено

на

Елиф Елмас рано утрово стави параф на договор со Торино, клуб кој реши да го ангажираше македонскиот репрезентативец во зимскиот преоден рок како позајмен фудбалер, со опција да го откупи целосно на крајот од сезоната.

Италијанскиот калчолигаш на крајот ја доби битката со Валенсија и го привлече офанзивниот фудбалер кој претходно блескаше во дресот на Наполи, па јасно е дека Елмас ќе биде огромно засилување за Торино во вториот дел од сезоната.

Клубот со големо задоволство го најави враќањето на Елиф во Италија и режираше неколку акции со цел што подобро да го претстави, а сега на фановите им долови како изгледал и целокупниот прв работен ден на Елмас во Торо.

Торино ги претстави сите моменти од пристигнувањето во клуб базата, направените медицински прегледи и потписот на договорот, со очекување дека ова е старт на една убава и успешна етапа која ќе продолжи и после првичната позајмица.

Елмас зад себе остава навистина разочарувачка година во која не доби вистинска шанса од РБ Лајпциг, па јасно е дека и негов приоритет ќе биде да се покаже во што подобро издание, со цел да остане во Италија и Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни