Поврзете се со нас

Англија

Торес по разделбата со Валенсија: Парехо не беше добар капитен

Објавено

на

Феран Торес ќе биде големо засилување за Манчестер Сити, а својот потенцијал досега го потврдуваше во редовите на Валенсија.

Шпанскиот клуб не го задржа подолго како што посакуваа фановите, а во интервјуто за „Марка“, самиот Торес открива интересни детали поврзани со неговиот статус на „Месталја“.

Меѓу другото, Торес го критикувал и капитенот Дани Парехо.

– По три години сум многу позрел, но не беше така на 17-годишна возраст. Тој е одличен фудбалер, но јас немав никаква комуникација со него.

– Кога му се приклучив на првиот тим со само 17 години, поминаа недели додека се одлучи да ми каже едно „добро утро“. Не беше добар капитен за мене, а најлошиот момент дојде по заминувањето на Марселињо кога сите фудбалери престанаа да зборуваат со мене и Ли Канг-Ин, – открива Торес.

Тој вели дека Валенсија немала преголема желба да го задржи.

– Моја желба беше да ми се исполнат два од три услови кои ги побарав, а тоа беа во преговорите за нов договор да биде вклучен сопственикот за да чувствувам дека сум важен за клубот, да бидам капитен како што Фернандо Торес беше во Атлетико Мадрид и да бидам меѓу најплатените играчи во Валенсија.

– Не ми беше исполнето ниту едно барање, финансиските услови не беа над можностите на клубот, бидејќи знам дека Валенсија не може да се носи со гигантите. Сакав да бидам предводник на еден проект, но тие не беа премногу заинтересирани да останам, – вели засилувањето на Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни