Поврзете се со нас

Шпанија

Торес по победата на Барселона: Покажавме карактер, ова е голем чекор напред

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона славеше на гостувањето кај Бетис со 4-2, а за тоа огромна заслуга има Феран Торес кој беше автор на три гола, а и асистент на погодокот на Жоао Феликс.

Со ова Торес стана прв шпански играч по Педро (2013 година) кој успеал да постигне хет-трик за каталонската гордост во Примера. Овој резултат не и донесе на Барселона приближување до водечките Џирона и Реал Мадрид, меѓутоа начинот на кој играше екипата и фактот што успеа да постигне два нови гола откако ривалот целосно се врати во игра дефинитивно може да биде од голема помош со оглед на покажаниот карактер и упорност.

-Ова е резултат на напорна работа, дисциплина и верба и користење на секоја можност на теренот. Тимот направи голем чекор напред откако се врати од 2-2. Покажавме карактер и ги освоивме трите бода, -порача Феран.

Пред Барса е нов сериозен тест, гостување во Баскија кај Атлетик Билбао во рамките на четвртфиналето на Купот на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни