Торес објасни зошто Џерард е најдобриот фудбалер со кој играл во кариерата

elnino-dazn

Фернандо Торес денеска со долго обраќање потврди дека конечен крај на својата кариера ќе стави на 23-ти август кога ќе игра против Андрес Иниеста и Давид Вилја кои се членови на Висел Кобе, но за време на прес-конференцијата која ја одржа во Токио, направи и една мала ретроспектива на сето она што го оствари во богатата кариера.

Торес има посебно место во историјата на шпанскиот фудбалер поради златниот гол во финалето на Европскот првенство во 2008-ма година, но исто така ќе се памети и по брилијантните изданија во Атлетико Мадрид, а секако и Ливерпул каде ја имаше својата најдобра етапа во Премиер лигата.

Токму од периодот на „Енфилд Роуд“ пристигнува и најдобриот играч со кој Торес некогаш ја делел соблекувалната, а сега накратко објасни зошто го смета Стивен Џерард за свој најдобар соиграч и покрај тоа што во кариерата ја делеше соблекувалната со фудбалери како Чави, Иниеста, Лампард и Дрогба.

– Отсекогаш сум велел дека најдобар играч со кој сум играл е Стивен Џерард. Во него го пронајдов човекот кој потполно се надополнува на мојата игра. Моето ниво достигна друга димензија кога бев заедно со него на теренот. Тоа беа неверојатни три и пол години заедно со Стиви, би сакал да се вратат тие денови, барем на една минута, – признава Торес.

Facebook Коментари