Торес му порача на својот син дека го игра последниот меч, одговорот на наследникот на „Ел Нињо“ е уникатен (Видео)

tores-sin

Фернандо Торес денеска го одигра својот последен меч во кариерата и стави крај на една фантатична фудбалска бајка која ќе ја памети по многу убави нешта, а навистина специфично беше тоа што дел од неговиот проштален меч беа неговите поранешни соиграчи Андрес Иниеста и Давид Вилја.

Иако натпреварот се одигра во Јапонија, истиот доби планетарна популарност поради значењето кое го имаше популарниот „Ел Нињо“ во фудбалот во изминативе десетина години, но на шпанските медиуми не им побегна еден детаљ од пред стартот на натпреварот кој дефинитивно е крајно симпатичен.

Торес му порача на својот син дека пред него е уште последниот меч во кариерата, а одговорот на наследникот на напаѓачот беше уникатен.

– Да, а потоа одиме на одмор…..

Facebook Коментари