Торес има последен совет до Чоло: Никогаш не сум видел нешто слично на него, мора да остане во Атлетико!

tores-ser

Фернандо Торес одработи полноќно интервју во специјализираната емисија на шпанското радио „Кадена Сер“, во кое покрај тоа што јасно стави до знаење дека неговиот однос со Чоло Симеоне останува максимално пријателски и професионален, одлучи да издвои и еден соиграч за кој вели дека клубот треба да направи отстапка и да му понуди нов договор и интересен проект.

„Ел Нињо“ минатата недела соопшти дека и официјално си заминува од Атлетико по крајот на актуелната сезона, а еден од неговите последни совети кои ги има до Чоло и раковоството на клубот е наменето за голманот, Јан Облак.

Во обидот да објасни дека зад неговото заминување не се крие никакво недоразбирање со Симеоне, Торес даде и една интересна изјава за словенечкиот чувар на мрежата, кого го нарече најдобриот голман кој го видел во неговата играчка кариера.

– Никогаш немам видено нешто слично на него, немам видено голман како него. Тој е спектакуларен. Јас би направил се тој да остане во Атлетико, тој може да биде круцијален за проектот. Сепак, мислам дека ќе остане само ако клубот одговори на неговите амбиции кои поради изданијата секако се многу големи, – вели Торес.

 

Facebook Коментари